(ВИДЕО) Пожар во зградата на руската Федерална служба за безбезност во Ростов

1 min read

Асошиејтед прес, повикувајќи се на објави од руски медиуми, пренесе дека во пожарот загинало едно лице, а двајца се повредени. Засега нема информации за нивните идентитети

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) е руска служба за внатрешна безбедност одговорна за контраразузнавачките активности, безбедноста на границите и борбата против тероризмот

Голем пожар денеска избувна во зградата на регионалниот пограничен оддел на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), лоцирана во јужниот руски град Ростов.

Асошиејтед прес, повикувајќи се на објави од руски медиуми, пренесе дека во пожарот загинало едно лице, а двајца се повредени. Засега нема информации за нивните идентитети.

На видеоснимките од пожарот, објавени на социјалните мрежи, се забележуваат големи пламени јазици кои зафаќаат делови од зградата, а над неа се издигнуваат облаци од густ чад.

Пожарот се проширил на површина поголема од 800 квадратни метри.

Гувернерот на градот Ростов, Василиј Голубев, рече дека пожарот е предизвикан од краток спој на електричните инсталации во зградата. Во објавата на својот канал на Телеграм, Голубев пишува дека пожарот избувнал во помошните простории на зградата по што предизвикал и експлозија откако биле зафатени и резервоари со гориво.

„Околните згради се евакуирани, а властите започнаа истрага“,

изјави Голубев.

Пожарот бил изгаснат до 16 часот по локално време.

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) е руска служба за внатрешна безбедност одговорна за контраразузнавачките активности, безбедноста на границите и борбата против тероризмот.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Ковачевски: СДСМ не бега од коалициските договори, ќе има технички премиер Албанец сто дена пред избори

Следно

Анкета: Половина од жените научници во светот се жртви на сексуално вознемирување

Latest from Blog