(ВИДЕО) Повеќе од 40 мигранти се удавија во чамец превртен во близина на Италија, меѓу жртвите има и деца

1 min read

Најмалку 40 мигранти настрадаа во бродолом на источниот брег на Калабрија, Италија. Меѓу жртвите, како што пренесуваат светските медиуми, има и неколку деца и бебе.

Во моментот на несреќата, како што пренесе Би-би-си, на чамецот се наоѓале повеќе од 120 мигранти, а спасувачките служби соопштија дека околу 80 лица се спасени. Најголем дел од нив биле од Иран, Пакистан и Авганистан.

фото: EPA

Дел од медумите пренесуваат дека чамецот го напуштил Измир пред 3-4 дена, и дека до несреќата при удар во подводни карпи, во услови на немирно море и големи бранови.

фото: ЕПА

Во тек е спасувачка акција на италијанското крајбрежје каде спасувачките екипи ги извлекуваат телата на мигрантите.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Зеленски: „Ќе го вратиме Крим и ќе воспоставиме мир“

Следно

Мицкоски: Со лаги и измами, следуваат тужби

Latest from Blog