Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 27 февруари 2023 г. на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Капацитетот е за 2 090 луѓе, а во македонските затвори во моментов има 2 201 лице пред очекуваниот наплив од прекршители на ковид-мерките: Може ли пробацијата да биде решение;
– Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, одбегнува да каже зошто не сака регионална депонија на територијата на неговата општина: Владата пред одлука да му ги одземе ингеренциите зашто во ризик се пари од ЕУ;
– Потребна е итна санација на дел од браните, некои се запуштени до ниво што ги прави ранливи со неприфатлив ризик за околината, предупредуваат Државниот завод за ревизија и Комисијата за брани; Колку се сериозни ризиците и зошто нема државна (ре)акција;
– Нова „Саботажа“.
ИЗВОР: 360stepeni.mk