(ВИДЕО) Нови протести во Грција по железничката несреќа во која загинаа 57 лица

1 min read

Протести се одржаа во повеќе градови меѓу кои и во Солун каде со слоганот „ова злосторство нема да се заборави“, учесниците на протестот побараа одговорност за трагедијата

Дел од грчките синдикати и денеска одржаа протести во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати лица.

Демонстрантите уште еднаш го изразија нивниот протест за трагедијата пред 12 дена, порачаа дека „криминалот не треба да се заборави“, дека одговорните треба да бидат казнети, но и да се преземат мерки за побезбедни возови. 

Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Протести се одржаа во повеќе градови меѓу кои и во Солун каде со слоганот „ова злосторство нема да се заборави“, учесниците на протестот побараа одговорност за трагедијата.

Протестот пред грчкиот Парламент, пак, беше масовен и мирен, а по завршувањето се случија мали и изолирани инциденти кога група маскирани лица се одвои од главниот блок и се судри со полицијата на еден од плоштадите во Атина во моментите додека се движеше кон железничката станица.

Протестите во Атина и другите грчки градови започнаа по несреќата и веќе извесен период континуирано се одржуваат, а за в четврток закажан е нов генерален штрајк организиран од двата најголеми синдикати на вработените во државниот и во приватниот сектор.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Во Грција одржани демонстрации за загинатите во железничката несреќа

Следно

ПСЖ го купува Халанд за 200 милиони евра?

Latest from Blog

Соопштение за јавност 30.3.2023

На денешната прес конференција во Градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска ги презентираше предложените точки кои се