Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека спасувачките екипи сè уште трагаат по пет лица кои се водат за исчезнати на три поплавени локации, пренесува АП
Во две турски провинции кои беа уништени од минатомесечниот катастрофален земјотрес, поплавите предизвикани од обилните дождови однесоа 14 човечки животи и дополнително ги зголемија бедата и страдањата на илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата по земјотресот, соопштија денеска турските власти.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека спасувачките екипи сè уште трагаат по пет лица кои се водат за исчезнати на три поплавени локации, пренесува АП.
Силните поплави ги претворија улиците на градовите во провинциите Адијаман и Шанлиурфа во реки кои носат автомобили, куќи и привремено сместувачки кампови за жртвите од земјотресот.
Најмалку 12 лица загинаа во Шанлиурфа, меѓу кои пет сириски државјани чии тела беа пронајдени во поплавен подрумски стан и уште две лица кои ги загубија животите во комбе заробено под надвозник.
Sözün bittiği yer #sanliurfa #selfelaketi pic.twitter.com/y1llkvuHpH
— Ali Çadırcı (@alicadirci63) March 15, 2023
Во Адијаман се удавија две лица чија куќа со контејнери ја однесе поројот, а неколку лица се евакуирани од камповите со шатори за преживеаните од земјотресот.
Евакуирани се и пациентите од одделението за интензивна нега во болницата во Шанлиурфа, јавија локалните медиуми, наведувајќи дека неконтролираните силни порои предизвикале уривање на дел од регионалниот автопат.
An İtibariyle Urfa Abide Kavşağı Tüneli içerde 11 araç ve bir belediye otobüsü Var sabahtan beri büyükşehir su çekme pompa vs olmadığı için Kepçe ile bu su tahliye ediliyor sözün bittiği yerdeyiz #sanliurfa #selfelaketi #balikligol pic.twitter.com/nJpXoWmZWq
— KELAYNAK KUŞU (@keleynak63) March 15, 2023
Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека повеќе од 10 професионални нуркачи биле вклучени во спасувачките напори во двете погодени провинции.
Извор: 360stepeni.mk