Украинскиот претседател го покажа и гардероберот. Најголем дел од облеката е во маслинесто-зелена боја, но чува и неколку одела. За едно од сакоата рече дека „го чува за победа“ и е симбол дека војната наскоро ќе заврши
Дебели завеси на прозорците, кревет за едно лице со перници и прекривка со цветови, телевизор и биро.
Ова може да се види во импровизираниот дом на украинскиот претседател Володимир Зеленски каде тој живее една година – од почетокот на војната што ја започна Русија на 24 февруари минатата година.
„Овде живеам“,
му вели Зеленски во филмот што го снимаше новинар Дмитр Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија „1+1“.
Инсерти од филмот на Твитер објави советникот за внатрешни работи на украинскиот претседател, Антон Герашченко.
Во филмот Зеленски го покажува и својот гардеробер во кој најголем дел од облеката е со масиласто-зелена боја, која во текот на војната му стана заштитен знак.
„Ова е мојата секојдневна облека … Во моментов не носам одела“,
вели Зеленски.
Сепак, чува и неколку одела, а за едно од нив рече дека е симбол оти „наскоро војната ќе заврши, а ние ќе победиме“.
„Ова е сако за победа“, праша новинарот, на што тој одговори: „Да“.
“This is where I’ve been living for a year” – @ZelenskyyUa showed Ukrainian journalist Dmytro Komarov his wartime living conditions and his wardrobe. pic.twitter.com/0McF8EEHUf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 25, 2023
Извор: 360stepeni.mk