(ВИДЕО) Зеленски на годишнината од нападот: Масакрот во Буча ми беше најтешкиот момент од војната, тоа што го видовме беше страшно

1 min read

Тој момент кога ја ослободивме Буча. Што видов. Беше страшно. Што видовме… Ѓаволот не е некаде под нас – тој е меѓу нас, рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа прес-конференција по повод годишнината од рускиот напад врз Украина.

„Нашата победа е неизбежна. Сигурен сум во тоа. Опремени сме. Имаме мотивација, осигурување, пријатели, дипломатија“,

рече тој.

Зеленски посочи дека сака да одржи самит меѓу Украина и земјите од Латинска Америка, на кој, како што рече, лично би присуствувал „иако му е многу тешко да ја напушти Украина“. Тој додаде дека би било добро доколку Индија и Кина учествуваат на самитот.

„Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши интереси. Според изјавата, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следува по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде тие ќе водат. Некои точки во декларацијата ми се разбирливи, а со некои не се согласувам“,

рече Зеленски, осврнувајќи се на кинескиот мировен план.

Тој истакна дека планира да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и дека тоа ќе биде „корисно за двете земји и за глобалната безбедност“.

„Колку што знам, Кина го почитува историскиот интегритет. Затоа, Кина мора да направи сè за Русија да се повлече од нашата територија бидејќи тоа значи почитување на територијалниот интегритет и суверенитет“,

додаде тој.

Кога новинарите го прашаа кој момент од војната му бил најтежок, Зеленски одговори – масакрот во Буча.

„Буча. Mоментот кога ја ослободивме Буча. Што видов. Беше страшно. Што видовме… Ѓаволот не е некаде под нас – тој е меѓу нас“,

рече Зеленски.

Новинарите го прашаа украинскиот претседател дали постои можност Русија да нападне друга земја.

„За жал, да. Верувам дека тоа е можно и дека може да се случи. Путин сака да се фали со успеси и победи. Тоа нема да биде на првата линија во Украина. Можеби тој би можел да има успех во земјите кои претходно биле под влијание на Москва пред војната или во советското време“,

рече Зеленски.

Тој предупреди дека Русија „ќе ги нападне земјите на НАТО доколку САД ја напуштат Украина“.

Зеленски ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека Украина има намера да ја преземе контролата врз отцепениот регион Приднестровје од Молдавија. Тој рече дека овој регион е територија на Молдавија. Тој истакна и дека најмногу го разочарале Украинците кои си заминале.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Дали Западот е подготвен за пораз на Путин? „На Европа ѝ се заканува сценариото на Либија со нуклеарно оружје“

Следно

Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина

Latest from Blog