(ВИДЕО) Ерупција на голем вулкан во Индонезија, лава тече и до седум километри наоколу

1 min read

Денешната е најмоќна ерупција на овој вулкан од 1930 година, кога загинаа околу 1 300 луѓе. Засега нема информации за жртви во денешната ерупција

Агенцијата за управување за катастрофи на Индонезија информира дека денеска околу 12 часот по локално време еруптирал вулканот Мерапи Приоа исфрлајќи врела пепел и мешавина од лава и гас кои се слеале по неговите падини во радиус од околу седум километри.

При ерупцијата, од вулканот се ослободиле врели облаци чад кои се издигнале 100 метри во воздухот, притоа попречувајќи ги сончевите зраци да продрат.

Засега нема информации за жртви.

Фото: EPA-EFE/FEBRI WASPODO

Жителите од оваа област се предупредени да ги избегнуваат опасните зони околу вулканот.

Најмалку осум села во близина на вулканот биле погодени од вулканска пепел.

Лоциран во специјалниот регион Јогјакарта, вулканот Мерапи (2 963 метри) е меѓу најактивните во Индонезија. Неговата последна голема ерупција во 2010 година уби повеќе од 300 луѓе и принуди евакуација на околу 280 000 жители.

Денешната е најмоќна ерупција на овој вулкан од 1930 година, кога загинаа околу 1 300 луѓе. Во ерупцијата во 1994 година загинаа околу 60 луѓе.

Индонезија, која има речиси 130 активни вулкани, се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, каде што спојувањето на континенталните плочи предизвикува висока вулканска и сеизмичка активност.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

ВЕЧЕРВА НА ОВА МЕСТО ВРНЕ СНЕГ СРЕДЕ МАРТ – зимата уште долго ќе биде присутна на овие места во Македонија (ВИДЕО)

Следно

Летното сметање на времето ни доаѓа многу наскоро: Часовникот оди напред еден час

Latest from Blog