(ВИДЕО) Возовите што се судрија во Грција возеле со брзина од 160 километри на час: Повеќето загинати се млади лица

2 mins read

Почнуваат да се појавуваат дополнителни детали за околностите на железничката несреќа. Костас Агорастос, регионалниот гувернер на регионот Тесалија, рече дека двата воза се движеле со голема брзина во моментот на судирот

Бројот на починати во железничката несреќа во Грција се искачи на 36, а повредени се 66 лица, објавуваат локалните медиуми. Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваат патниците од згмечените вагони.

„Само мртви вадиме, главно се млади“

Еден од спасувачите кој веднаш пристигнал на местото на несреќата ја опишал катастрофата што ја затекнал.

„Ситуацијата беше трагична бидејќи имаше многу загинати, од еден по полноќ вадиме само мртви. Повредените успеаја да избегаат од вагонот во првите час и половина по несреќата, а потоа само вадиме мртви“,

рече тој.

Тој додаде дека повеќето од жртвите се студенти.

„Осумдесет отсто од патниците беа млади, до 30 години“,

вели спасувачот.

Според еден потресен патник интервјуиран од телевизијата Скаи, прозорците одеднаш експлодирале и луѓето исплашени почнале да врескаат.

„За среќа, успеавме да ја отвориме вратата и многу брзо да избегаме. Тие не можеа да излезат од другите вагони, а еден вагон дури и се запали“,

рече тој.

Друг патник по име Лазосза за весникот „Прототема“ изјави:

„Не бев повреден, но бев извалкан со крвта на другите луѓе кои беа повредени во моја близина“.

Во возот имало претежно студенти

Грчката репортерка Алексија Калаици, која ја поминала ноќта во Солун разговарајќи со преживеаните, рече:

„Разговаравме со многу млади луѓе кои беа во целосен шок. Еден маж, на возраст од околу 20 години, ни кажа дека мислел дека ќе умре бидејќи слушнал тресок, а потоа почувствувал дека целиот вагон оди настрана и се срушил“.

Други луѓе опишаа дека морале да го користат својот багаж за да скршат прозорец и да избегаат од вагонот.

„Ги видовме првите два вагона запалени и чад насекаде, луѓето беа во паника и се слушаше врескање“,

опиша таа.

Таа рече дека луѓето со кои разговарала биле главно студенти кои се враќале од одмор.

„Најлошо им беше на родителите што ги чекаа децата таму на железничката станица во Солун и не можеа да ги најдат“,

додаде таа.

„Еден возач не знаел дека доаѓа друг“

Почнуваат да се појавуваат дополнителни детали за околностите на железничката несреќа. Костас Агорастос, регионалниот гувернер на регионот Тесалија, рече дека двата воза се движеле со голема брзина во моментот на судирот.

Тој додаде дека еден возач на воз не знаел дека доаѓа друг.

Првиот човек на железничкиот синдикат за локалните медиуми изјави дека не е сигурен како можела да се случи несреќата.

Јанис Дицас, претседател на синдикатот на железничарите, за ЕРТ изјави дека и покрај 40-годишното искуство, не може да каже кој е виновен за несреќата. Тој додаде дека единствена утеха е тоа што несреќата не се случила во блискиот тунел.

Судирот бил толку силен што два вагона „исчезнале“

Регионалниот гувернер на Тесалија, Костас Агорастос, за ЕРТ изјави дека синоќа со автобуси биле евакуирани 250 преживеани во Солун. Судирот бил толку силен што првите два вагона од патничкиот воз не можеле да се видат, додаде тој.

Извештаите велат дека патничкиот воз се движел со 160 км/ч кога удрил во товарен воз во близина на Темпе, Грција, непосредно пред полноќ. Полицијата соопшти дека неколку вагони излетале од шините, а најмалку три се запалиле.

Противпожарната служба извести дека на самото место се наоѓаат околу 40 возила на брзата помош. Костас Агорастос, гувернерот на регионот Тесалија, за државната телевизија изјави дека судирот бил многу силен.

„Предниот дел на возот беше смачкан. Обезбедуваме кранови и специјална опрема за да ги расчистиме остатоците и да ги подигнеме вагоните. Отпадоците се расфрлени насекаде низ местото на несреќата“,

рече тој.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Приведен скопјанец кој се самозадоволувал пред женски лица

Следно

Над 53.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog