(ВИДЕО) Воени авиони се судрија кај Рим, еден падна на улица, загинаа и двајцата пилоти

1 min read

Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот

Два ултра лесни воени авиони У-208 што припаѓале на шестиот винг на италијанското воено воздухопловство се судрија денеска нешто пред 12 часот во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на градот Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти загинаа, пренесува „Кориера дела сера“.

Реонот на несреќата е ограден од спасувачи кои проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага.

Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот.

Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.

„Во име на Владата го изразувам моето најдлабоко сочувство до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили“,

изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по падот на авионот.

„Длабоко сум потресен откако ја дознав страшната вест за смртта на двајцата пилоти. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и челниците на воздухопловните сили“.

рече претседателот на Сенатот Игнацио Ла Руса.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(Фото) Прв роденден на белите лавчиња во скопската зоолошка

Следно

Сестрата на Ким Џонг-ун повторно им се заканува на САД: Подготвени сме за акција од големи размери

Latest from Blog