ВИДЕО: Блесокот на Кизиќ и Даниловски, магијата на Маџовски, цепелинот на Кристопанс… најубавото од скопското дерби!

во категоријата Спорт

Екипата на Вардар потешко од очекувањето запиша нова победа во СЕХА лигата и остана на лидерската позиција на табелата. 
Пред комбинираниот тим на Гарсија Парондо, паднаа младите металурзи, кои на овој дуел покажаа квалитет и желба за докажува, но во финишот немаа сили и останаа покуси за еден гол (23-22). За разлика од претходните дуели, синоќа гледавме израмнет натпревар, со многу промени на водството и атрактивни потези – како цепелинот на Кристопанс, фантасичите одбрани на младите Даниловски и Кизиќ, магичниот гол на Маџовски…
Во продолжение погледнете ги најатрактивните моменти од мечот во „Борис Трајковски“: 

 

Извор: https://www.gol.mk/