Вардар на мега дербито без Новак, Попов, Попзлатанов…

во категоријата Спорт

На Вардар денеска му се случи катастрофа, бламажа во Струмица, кога од А. Пандев на „генералката” загуби со 1:6. Но главните проблеми за стратегот Александар Васоски се уште поголеми во пресрет на неделното мега-дерби со Шкендија во Тетово.

Имено тој поради повреди нема да може да смета на тројца свои клучни играчи. А тоа се Евгениј Новак, Горан Попов и Јовче Попзлатанов. Ниту еден од тројцата не настапи на денешната средба со Академија Пандев, Попов и Попзлатанов одамна се во „аут” додека повредата на стоперот од Украина е нешто ново.

Проблеми, проблеми за Васоски пред супер – дербито со Шкендија.

Извор: https://sportmedia.mk/