Бугарска државјанка уапсена поради лажно земање 700 евра за „истерување црна магија“

во категоријата Македонија

Полициски службеници ја лишиле од слобода С.Н.Б.(56) од Република Бугарија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје и земала 700 евра и две златни лири. С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата. Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и и биле вратени на оштетената. За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: https://tv21.tv/