Борба за опстанок со крвав исход

во категоријата Спорт

На натпреварот меѓу Универзитет Клуж и Херманштат немаше само фудбал, туку и насилни сцени на трибините и подтрибинскиот простор. Херманштат во Клуж донесе предност од 2:0 од првиот меч, а на реваншот постигнаат гол и тоа ги налути навивачите.

Тие почнаа да дивеат поради тоа што нивниот тим се сели во Втората лига, а во нередите еден полицаец бил погоден со тврд предмет во главата и останал да лежи облеан во крв. Медицинска екипа му укажала помош и веднаш бил однесен во болница. Другите полицајци употребиле солзавци за да ги растераат бесните навивачи.

Последните информации говорат дека неговата состојба е стабилна и дека не е во животна опасност.

Трагично е што медицинската екипа му укажувала помош и на дете кое се надишало од солзавецот. Тоа дошло со мајка му да гледа фудбал.

Извор: https://sportmedia.mk/