„БОМБА“ ОД СТРУМИЦА: Матеус – екс играч на Порто доаѓа во Беласица!!!

во категоријата Спорт

Трансфер – бомба во Беласица, која во последен момент се обидува да го засили својот напад, и тоа со квалитетни офанзивци. Во Струмица утре би требало да се официјализираат трансферите на Матеус Виера да Силва. Тој е некогашен играч на Порто, бил член и на Гремио. Висок е 194 см, и секако дека ќе биде екстра засилување за струмичани. Доаѓа и Душан Савиќ, кој пак по 13 години се враќа во Беласица. Тој има наш пасош, а покрај Беласица играл за Победа, Вардар и Работнички во Македонија а има и богата интернационална кариера. Секако дека со овие двајцата тимот на стратегот Раде Цицмиловиќ ќе биде далеку посилен.

Извор: https://sportmedia.mk/