„Бомба“ од Русија: Нурмагомедов се закани и испрати жестока порака до УФЦ! (Фото)

во категоријата Спорт

nurma-tmobile

Комисијата во Невада се уште разгледува која е најадекватната казна која треба да ја добие Хабиб Нурмагомедов за скандалот и хаосот кој го предизвика во „Ти-мобајл“ арената во Лас Вегас за време на УФЦ 229 спектаклот, но во ситуација кога сите ја чекаат конечната одлука, се појавија неколку гласни шпекулации за луѓето од тимот на Русинот.

Добро познато е дека МекГрегор доби удари во октагонот од два борци кои се членови на тимот Нурмагомедов, а посебно дебел крај се очекува да извлече Зубаира Тукхугов кој неколку пати го удри Ирецот. Од Америка пристигнуваат информации дека тој ќе биде доживотно казнет и суспендиран од УФЦ, а бидејќи сличен рецепт е планирано да се употреби и за останатите членови од тимот Нурмагомедов, Хабиб испрати бесна порака преку социјалните мрежи и се закани дека и тој ќе отстапи од УФЦ.

– Сакам да испратам порака до УФЦ. Зошто не исклучивте никој кога тимот на Конор го нападна автобусот и кога беа повредени неколку луѓе? Можеа да убијат некого таму, зошто никој не кажува ништо за навредите кон мојата земја, за мојата религија, нација и фамилија? Зошто мора да го казните мојот тим, кога и двата тима се тепаа. Ако велите дека јас сум започнал, тогаш не се согласувам. Јас го завршив она што тој го започна. Во секој случај, казнете ме мене, Зубариа Тукхугов нема ништо со тоа. Ако мислите дека ќе молчам, тогаш многу грешите. Ја откажавте неговата борба и сакате да го исклучите зошто го удри Конор. Но, не заборавајте дека Конор прв го удри мојот друг БРАТ, само проверете го видеото. Ако одлучите да го исклучите од УФЦ, тогаш ќе ме загубите и мене. Ние никогаш не се откажуваме од нашите браќа во Русија и ќе одам до крај за мојот брат. Ако се уште одлучите да го исклучите, не заборавајте да ми го пратите мојот искинат договор, инаку ќе го искинам јас самиот. И, уште една работа. Можете да ги задржите моите пари од борбата, многу сте зафатени со тоа, се надевам дека нема да ви заглават во грлото. Ние ја браневме нашата чест и тоа е најважно. Ние се обидовме да одиме до крајот, – порача Нурмагомедов кој се закани со напуштање на УФЦ.

View this post on Instagram

I would like to address @ufc Why didn’t you fire anyone when their team attacked the bus and injured a couple of people? They could have killed someone there, why no one says anything about insulting my homeland, religion, nation, family? Why do you have to punish my team, when both teams fought. If you say that I started it, then I do not agree, I finished what he had started. In any case, punish me, @zubairatukhugov has nothing to do with that. If you think that I’ll keep silent then you are mistaken. You canceled Zubaira’s fight and you want to dismiss him just because he hit Conor. But don’t forget that it was Conor who had hit my another Brother FIRST, just check the video. if you decide to fire him, you should know that you’ll lose me too. We never give up on our brothers in Russia and I will go to the end for my Brother. If you still decide to fire him, don’t forget to send me my broken contract, otherwise I’ll break it myself. And one more thing, you can keep my money that you are withholding. You are pretty busy with that, I hope it won’t get stuck in your throat. We have defended our honor and this is the most important thing. We intend to go to the end. #Brothers

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Извор: https://derbi.mk/