БОЛНИЦА НА „ОЛД ТРАФОРД“: Солскјер останува без Погба, Марсијал, Ван-Бисака и Лингард за дуелот со Лестер?

во категоријата Спорт

Сериозни проблеми со повредените играчи го загружуваат првиот човек на клупата на Манчестер Ј., Оле Гунар Солскјер. Пред дуелот со Лестер кој е на програмата утревечер, „вирусот репрезентации“ предизвика проблеми за „црвените ѓаволи“, бидејќи Пол Погба и Ентони Марсијал се повредија и нема да играат на оваа средба, а не е сигурно ниту учеството на Арон Ван-Бисака и Џеси Лингард. Лук Шо и Диого Дало сигурно го пропуштаат дуелот.

„Искрено, не знам на кого се можам да сметам. Арон и Џеси можеби се добри, но тоа не е сигурно. Погба нема да биде подготвен освен ако не се случи чудо. Се надеваме дека Пол и Марсијал ќе бидат на дуелот со Вест Хем следната недела“, рече Солскјер на прес-конференцијата пред утрешниот дуел.

Извор: https://sportmedia.mk/