Болницата нова, но улицата уништена – многу дупки за да стигнеш до „Козле“

во категоријата Македонија

Болницата за белодробни заболувања во Козле се изгради во нова и современа зграда, но за да стигнете до таму, треба да поминете по оваа уништена улица.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле, дневно на контрола доаѓаат околу 100 деца од цела Македонија. Веќе четири години како е изградена болницата а улицата која е долга околу 500 метри е во ваква состојба.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, вети дека до јуни ќе се отстранат камењата од калдрмата и улицата ќе се среди. Според него, изградбата на улицата ќе се одвива во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта, со средства кои се предвидени за реконструкција на патиштата.

Болницата Козле е изградена во 2015 година. До тогаш децата беа носени на контрола во старите бараки од оваа болница.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

— – (-) –

Извор: https://tv21.tv/