Боки 13 сместен во Хашкото одделение во „Шутка“

во категоријата Македонија

Судот го уважи барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и по распитот определи мерка 30 дневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, осомничени за Примање награда за противзаконито влијание, односно рекет. Во текот на ноќта, до раните утрински часови, обвинителството во соработка со МВР работело на прибирање доказен материјал, поради што извршиле претреси во домот на родителите на Бојан Јовановски, во станот каде што престојувал, како и во канцеларијата во 1ТВ. Извршен бил и претрес во домот на Милевски и возилата што ги управувале.

Од обвинителството велат дека при претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела.

Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички ,како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола. Од Обвинителството воедно вела тдека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот.

Инаку, Боки 13 е сместен во хашкото одделение во затворот во Шутка.

 

Извор: https://tv21.tv/