Бисерот на Барса: Одиграл само два меча, а вреди 25 милиони евра!

во категоријата Спорт

Иако има само неполни 17 години, иако има одиграно само два меча во дресот на Барселона, Ансу Фати од денеска на „Трансфермаркт“ вреди цели 25 милиони евра.

Мега – талентот кој потекнува од Гвинеја Бисао е новиот бисер на Барса, на „Ла Масија“. Тој има договор со каталонците до 2022 година и се разбира откупна клаузула од 100 милиони евра. Пред да дојде во Барса, Ансу Фати имл отворена понуда и од Реал Мадрид, но сепак го одбрал каталонскиот гигант.

Извор: https://sportmedia.mk/