Бизнисмени: Фер игра, без мито и корупција!

во категоријата Економија

Без владеење на правото и без посилна борба со корупцијата ќе немаме економски раст во државата. Сите институции се социјална инфраструктура кога го влече општеството напред и ти мора да бидат ефикасни, порача денес учесниците на форумот во организација на Стопанската Комора

„Единаесет години неизвршено судско решение, нееднаквост на условите на пазарот, неправилности во работата на судството, кочници во тендерските постапки во второстепените комисии и така натаму сето тоа зборува дека е дојдено времето, ако не сакаме да останеме со нашите проблеми во сопствената кал, да се вклучиме и да поразговараме и за другите прашања“, рече Бранко Aзески, претседател на ССК.

Во моментов бизнис заедницата смета дека деловното опкружување во државата е далеку од задоволително ниво.

Сивата економија, корупцијата, нееднаквите правила на игра во одредни случаи, спората администрација, преголемите дискрециони овластување на одредени институции, вкучувајќи го и судствотот ова не се проблеми  од вчера туку се натрупани подол временски период. Ако кон нив се надополна и проблемите што се актуелни деновиве поврзани со неефикасноста и несоодветното постапување на органите во правосудството тогаш несомнено дека проблемот со владеење на правото е нешто што ќе треба да се третира, особено ако сакаме да создадеме услови кои ќе овозможат непречено функционирање на државата.

На форумот на стопанската комора присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој потенцираше дека Европската унија се базира на почитување на законите и правилата, и само со владеење на правото ќе има економски раст.

Андреа Чобанова

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk