Бензема „удри“ по Ле Грет: Остави ме на мира!

во категоријата Спорт

Францускиот напаѓач Карим Бензема испрати порака до претседателот на Фудбалската федерација на франција (ФФФ), Ноел Ле Грет и му порача повеќе да не му го споменува името и да го остави на мира.
Првиот човек на францускиот фудбал во интервју истакна дека Бензема нема да добива повици за националниот тим и дека неговата форма е катастрофална, а тие зборови го испровоцираа фудбалерот.
„Господне Ле Грет, сакам да ме заборавите и да ме оставите на мира. Ве молам. Франција е светски шампион и тоа е мометално важно“, кажа Бензема.

Бензема нема настап за Франција од 2015 година, откако беше вмешан во скандал со Метју Валбуена.

Извор: https://www.gol.mk/