Белград – зоолошката градина под вода, животните во опасност

во категоријата Регион

Голема количина на дожд која за кратко време вчера во попладневните часови наврна во престолнината на Србија, ја погоди и зоолошката градина во Белград.
Пријателите на Бее Зоо градината објавија снимка на која се гледа како река вода тече низ скалите кон живеалиштата на голем број животни, пренесуваат белградските медиуми.

Ова е најголема поплава која му се случила на Белград во последните години.
Ветеринарот во белградската зоолошка градина, Јожеф Езвеѓ вели дека животните се добри после поплавата.

-Тие за време на непогодата се засолниле во своите куќички, навикнати се да се изборат со секакви непогоди. Сега се добро, имаат храна, иако тешко им паѓа топлото време, како и на луѓето – вели Езвеѓ за Телеграф.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/