Бајден на молитвениот појадок повика на единство

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден, во денешниот говор што го одржа на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, апелираше на единство, посебно помеѓу демократите и републиканците во Конгресот.

-Во нашата политика и во нашите животи, премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како пријатели. Колку и да се тешки времињата, ако погледнеме поблиску, можеме да ја видиме силата и решителноста што долго ја дефинираше Америка, посочи Бајден.

Молитвениот појадок се одржа во Центарот за посетители во Конгресот, на кој учествуваа 1.300 гости.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

ЕУ најави нов, десетти по ред пакет санкции против Русија

Следно

Два дена пред одбележување на раѓањето на Гоце Делчев: „Самоилова“ е затворена за сообраќај

Latest from Blog