Баша: Нема раскол во опозицијата

во категоријата Регион

Лидерот на демократите во Албанија, Љуљзим Баша вели дека не постои раскол во опозицијата иако, според него, се користат сите средства за тоа да се случи. Тој вели дека нема да успеат ниту притсоците, ниту солзавецот на групата политички и медиумски платеници. Според него, одлуката на опозицијата да не учествува на изборите на 30 јуни беше едногласна и без никакво противење. Баша бара од обвинителството да ги истражи сите постапки по 30 јуни. Според него 13 октомври е единствениот уставен датум за изборите, а ДИК мора да го спроведе указот. Доколку тоа не го сторат, тој се заканува дека ќе се соочат со правна и кривична одговорност.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/