Бадникарска поворка во Гази Баба: Стефковски и Алабаковски ги дочекаа коледарчињата

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со Ламбе Алабаковски утрово во дворот на општината ги дочекаа коледарчињата кој земаа учество на бадникарските поворки оваа година.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

– Му благодарам на Господ за денешниот ден. Народе мој од срце Ви благодарам. Немам зборови со кои можам да го опишам моето чувство на среќа и гордост! Дворот на општина Гази Баба беше полн со дечиња, кои носејќи во рацете ѕвезди му пееа на Господ. Му благодарам на Ламбе Алабаковски што ја прифати мојата покана и утрово заедно со мене беше домаќин на коледарчињата од општина Гази Баба. На секое дете му подаривме божиќно пакетче како симбол на денот пред Божиќ. Од тука потоа сите заедно со дечињата се упативме во центарот на нашето Скопје и бевме дел централната манифестација на бадниковите поворки. Изразувам благодарност до организаторите на овој настан, бидејќи само силни и обединети во нашата вера ќе знаеме како правилно да живееме, но пред и над се да бидеме добри луѓе и да си помагаме меѓусебе. -напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Скопје повторно во десетката најзагадени, во Битола и Струмица престануваат да важат мерките

Следно

Убиства, огнени блокади, рафали во Мексико поради апсењето на синот на Ел Чапо (ВИДЕО)

Latest from Blog

Марија Павловска добитничка на престижната меѓународна награда „Донатело“ на Фондацијата ‘Fondazione Effetto Arte’ во Палатата Боргезе во Фиренца

Селектирана и посочена како уменик со активност на интернационално ниво, Марија Павловска, e добитничка на престижната меѓународна