Археолозите открија скелет стар два милениума со „телефон“ при рака

во категоријата Култура

Во гробница стара 2.000 години археолозите пронајдоа скелет на жена, која ја нарекоа Наташа. Областа каде што е ископана Наташа се наоѓа во руската република Тува и е позната како руска Атлантида затоа што во текот на целата година е под вода.

Во гробницата е откриен на прв поглед необичен предмет во форма на модерен телефон, што е всушност тока за ремен украсена со тиркиз, карнеол и седеф, а самиот ремен бил украсен со кинески парички, кои помогнале во датирањето (околу 2.137 години).

Гробницата била ископана во огромниот резервоар на островот на реката Јенисеј, наречен некропола Ала-Теј. Други гробници пронајдени на истото место датираат од бронзеното време до владеењето на Џингис-кан.

ИЗВОР: https://makfax.com.mk/kultura/