Анчелоти со јасна забелешка до УЕФА: Изненаден сум што ми го делегираат овој судија!

во категоријата Спорт

karlo-maicka

Карло Анчелоти не можеше никако да биде задоволен од тоа што неговиот Наполи освои само бод при гостувањето во Белград кај Црвена Звезда, па затоа сега италијанскиот состав е приморан да брка позитивен резултат во дерби дуело со Ливерпул кој е на програмата утре.

Англискиот тим пристигнува на „Сан Паоло“ со освоени три бода во пресметката со ПСЖ на „Енфилд Роуд“, а во најавата за овој меч, Анчелоти испрати една јасна замерка до УЕФА околу делегираниот судија за овој натпревар. Виктор Касаи е предодреден да ја дели правдата на мечот во Неапол, а Анчелоти не заборави да потсети дека има многу лошо искуство со унгарскиот арбитар. Касаи беше судијата која го „ограби“ Баерн Минхен предводен од Карло Анчелоти на гостувањето кај Реал Мадрид во 2017 година, а искусниот Карло порача дека сеќавањата се уште се премногу свежи за да му го делегираат истиот судија на негов натпревар.

– Овој судија ме потсеќа на лоши моменти во однос со мојот последен тим. Навистина сум изненаден со делегираниот судија за нашиот меч. Времето ги лекува раните, но ова се уште е премногу рано, – посочи Анчелоти.

Извор: https://derbi.mk/