Анчелоти со прв коментар за Елмас: Тој е еден многу интересен фудбалер

во категоријата Спорт

Италијанската фудбалска легенда, Карло Анчелоти, инаку актуелен тренер на Наполи, денеска во интервју за италијанско радио, зборувајќи за новата сезона беше запрашан и за доаѓањето на македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас.

„Ние сме многу блиску до финализација на долговорот со Елмас и се надевам дека тоа ќе се заврши брзо. Тој е многу интересен играч. Сега се средуваат деталите од договорот и мислам дека се ќе биде комплетирано до нашето заминување од Трентино“, изјавил Анчелоти, потенцирајќи дека чека што поскоро да бидат завршени сите детали со новите имиња и тимот да почне да тренира комплетен.

Македонскиот репрезентативец го напушти тренинг кампот на Фенербахче и утре изутрина лета за Италија, каде треба да биде промовиран во нов играч на Наполи.

Извор: https://sportmedia.mk/