Анчелоти: Бевме катастрофа, а потоа го повикав Модриќ

1 min read

Реал Мадрид е во 1/2 финалето на шпанскиот Куп, и покрај тоа што „кралевите“ имаа проблем и имаа негатива се до 79. минута. Тогаш асистенција на Модриќ, и продор на Родриго, кој израмни, а во продолжението два гола на Реал за конечен триумф од 3-1.

Играта на Реал Мадрид беше катастрофална, особено во првиот дел. Меѓутоа во второто полувреме далеку подобра игра и победа, а Анчелоти откри што беше клучното за таквиот пресврт во играта, и потоа во резултатот.

„Атлетико беше многу подобар во првиот дел од нас. Несфатливо е како така лошо игравме, а потоа добро во вториот дел и во продолженијата. Навистина немам објаснување. После првиот дел го повикав Модриќ и му реков да оди понапред веднаш зад напаѓачите. Тоа го сврте натпреварот“, рече Анчелоти.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

САД и Франција не ја отфрлаат можноста за испраќање борбени авиони во Украина

Следно

Соопштение за јавност 27.1.2023

Latest from Blog

Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на идентитетот и самобитноста на украинскиот народ од руска страна, наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар