Анкета: Конзервативците со најголема поддршка пред изборите за ЕП

во категоријата Свет

Сојузот на проевропски конзервативци, социјалисти и либерали би можело да освои апсолутно мнозинство на изборите за Европскиот парламент во кој би влегле и евроскептични партии, покажуваат резултатите од истражување објавено денеска.

Врз основа на компилација на национални анкети, направени по барање на Европскиот парламент, евроскептиците би забележале пораст од моменталните 10 на 14 проценти од пратениците.

Под претпоставка дека бројот на мандатите во ЕП ќе остане 751, анкетата покажува дека конзервативната Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најголема групација, со 180 места, односно 24 проценти од вкупниот број на пратеници. Социјалистите и демократите би биле втори по ред, со 149 места, колку што од прилика имаат и сега.Третата група би ја сочинувале либералите со 76 места.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/