Александар Вучич: Оставката на Харадинај политички трик

во категоријата Регион

Српскиот претседател Александар Вучиќ, оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја оцени како политички игра за зголемување на популарноста и сценарио за предвремени избори со цел во Косово на власт да дојде политичка елита која се залага за „Голема Албанија“. Вучиќ рече дека Харадинај во Хаг ќе биде еден или два дена, а после тоа ќе се врати како херој. Затоа нема место за еуфорија кај српските граѓани.

Оставката на Рамуш Харадинај е политички трик со кој сака да стекне поголема популарност и да стане херој кој се бори за Косово. Ја разбираме радоста, еден вид задоволство кај нашиот народ поради тоа што Харадинај е повикан во Хаг на распит и поради фактот што тој е осомничен за воени злосторства. Треба да ги согледуваме сите факти и последици по оставката на Харадинај. Позицијата на Србите ќе биде уште потешка отколку што беше денеска“. – рече Александар Вучиќ, претседател на Србија

Американскиот Стејт Департмент ја поздрави подготвеноста на Харадинај да соработува со Специјалното обвинителство.

САД го поздравуваат неговото прифаќање да се појави пред канцеларијата на Специјалниот обвинител на специјалниот суд за Косово“. – АМЕРИКАНСКИ СТЕЈТ ДЕПАРТМАН

Од друга страна, за американскиот експерт за балкански прашања, Даниел Сервер, чинот на Харадинај е добар, но тоа ја става владата на Косово во лоша ситуација. Според него, ова ќе предизвика доцнења во дијалогот Србија – Косово.

Ќе треба да чекаме и да видиме дали тоа ќе доведе до предвремени избори што ги бараше опозицијата. И секако, мислам дека сега можноста за избори е многу поголема од вчера“. Даниел Сервер, американски експерт за балкански прашања

Неочекуваната оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај предизвика реакции и во Тирана. Премиерот Еди Рама, поканата за челниците на ОВК ја нарече незавршен национален предизвик на добрата страна на историјата. Министерот за дијаспора, Пандели Мајко, претседателот Илир Мета, претседателот на ДП, Љуљзим Баша, екс претседателот и екс премиер Сали Бериша, оставката на Харадинај ја оценија како чин на државник кој својата татковина ја става пред се останато.

Еви Шкопи

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/