Алегри се огласи за Роналдо и неговото заминување од Јуве

во категоријата Спорт

По елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето во Лигата на шампионите, излегоа информации дека Кристијано Роналдо може да го напушти Јувентус, исто како и тренерот Алегри.

Но, стратегот на „Старата дама“ тврди дека португалскиот фудбалер и во иднина ќе го носи дресот на овој тим.

„Роналдо имаше одлична сезона и утре ќе игра против Фиорентина“, потврди 51-годишниот стручњак и додаде:

„Уште пред да дојде Кристијано во Јувентус кажав дека тој не е гаранција за освојување на Лигата на шампионите. Погледнете ја Барселона, дури по три сезони се врати во полуфиналето иако во тимот го имаше Меси.

Роналдо е иднината на Јувентус. Тој е спокоен и смирен, но и разочаран како и сите ние по онаа елиминација. Сега нема смисла да збориме за тоа, мораме да мислиме на Серија А“, рече Алегри.

Извор: https://sportmedia.mk/