Алегри нема да презема нов клуб, ќе прави пауза од една година

во категоријата Спорт

Поранешниот тренер на италијанскиот хегемон Јувентус, Макс Алегри, потврди дека голема е веројатноста да направи едногодишна пауза од фудбалот.

Стратегот кој освои пет последователни титули во Италија со “бјанконерите”, како и четири Куп трофеи, стигна и до две финалиња во Лигата на Шампионите.

„Ќе си земам пауза во текот на една година. Сакам да ги дополнам батериите и да се посветам на приватноста. Последните 16 години поминаа многу брзо“, изјави Алегри, за ББЦ.

Извор: https://sportmedia.mk/