Алармантен број на заболени од морбили, 134 лица само за една недела

во категоријата Македонија

Алармантен број на заболени од морбили. 134 лица се регистрирани минатата недела. Од Институтот за јавно здравје велат дека ова е најголем број на заболени во споредба со минатите недели. 48 пациенти се од Скопје, 25 од Струга, 23 од Куманово и другите градови. Најголем број се на возраст над 30 години. Според епидемиологот Гордана Кузмановска ова се случува бидејќи лицата над 30 години примиле само по една вакцина кога биле деца и немаат доволно силен имунитет.

Од Институтот за јавно здравје велат дека најголем број заболени се возрасни лица, а министерот за здравство вели дека епидемијата може да се намали по завршување на учебната година. Прогнозите се дека епидемијата ќе трае до крајот на оваа година, вели тој.

Од Институтот за јавно здравје известуваат дека морбилите се прошириле во вкупно 22 општини или градови. Од почетокот на епидемијата на морбилите регистрирани се вкупно 1524 случаи. Откако почна вакцинирањето низ училиштата, вакцинирани се 25.800 деца. Инаку во врска со мерката од Министерството за здравство, невакцинираните деца да не се запишуваат во училиштата и градинките, реагираше и Комисијата за заштита од дискриминација. Оваа Комисија смета дека нема дискриминација бидејќи мерката има легитимна цел, објективно оправдана, согласно член 5 од Законот за Спречување и Заштита од дискриминација.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: https://tv21.tv/