Азар откри какви се шансите да направи трансфер во Реал уште во јануари

во категоријата Спорт од

azar-otpozdrav

Еден Азар испрати јасна порака по мечот меѓу Саутемтон и Челси во Премиер лигата и стави до знаење дека негова животна желба е да го обелече белиот дрес на Реал Мадрид, но сепак не по секоја цена бидејќи премногу го сака и почитува својот актуелен клуб.

Големата белгиска ѕвезда истакна дека сака да заигра за Реал до крајот на својата кариера со цел да си го исполни својот животен сон, но исто така би сакал тоа да го направи на џентлменски начин, односно со дозвола од Челси.

Азар очигледно не сака да ја повтори грешката на Тибо Куртоа кој доста кукавички си замина од „Стемфорд Бриџ“, а запрашан за тоа какви се шансите да му се придружи на својот сонародник во Реал уште во зимскиот преоден рок, Еден даде краток и концизен одговор.

– Не, нема никакви шанси, – порача Азар на денешната прес-конференција која ја одржа како капитен на Белгија, исклучувајќи ја можност да го остави тимот на цедило на средина на сезоната.

– Сепак, еден ден ќе мора да одам во Шпанија, мислам дека само така ќе имам шанса за „Златната топка“, – со насмевка на лицето додаде Азар кој е цврсто сконцентриран на Челси барем до крајот на оваа сезона.

 

Извор: https://derbi.mk/