Абдурахими со гол првенец за словенечки Браво

во категоријата Спорт

Во својот прв настап за новиот клуб Браво од Словенија, некогашниот репрезентативец на Македонија, Бесарт Абдурахими, успеа да постигне гол. Браво попладнево одигра извонреден меч на гостувањето во Велење против екипата на Рудар и славеше со убедливи 4:1.

Абдурахуми го почна мечот уште во стартните 11., а во 10. минута имаше убава шанса да погоди од слободен удар. Сепак, до својот дебитантски гол чекаше 65,. минути, кога успеа да погоди за предност на Браво од 3:1. Инаку, ова беше третата сезонска победа на Браво во шампионатот на Словенија.

Извор: https://sportmedia.mk/