ЅВЕЗДЕНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

July 22, 2025
1 min read

Уметничкиот директор на Венецискиот филмски фестивал, Алберто Барбера, претстави богата мешавина од возбудливи филмови со големи ѕвезди – како и помали наслови со потенцијал за награди – кои ќе се борат за Златниот лав за време на претстојното 82. издание што ќе почне на 27 август.

Многу очекуваните нови дела од Кетрин Бигелоу, Гилјермо дел Торо, Ноа Баумбах, Мона Фастволд, Лука Гвадањино, Јоргос Лантимос, Оливие Асајас, Парк Чан-вок, Бени Сафди, Џим Џармуш и други ќе имаат премиери на Лидо. Во конкуренцијата за Златен лав се и унгарските автори, оскаровецот Ласло Немеш и Идико Енједи, како и италијанскиот документарист Џанфранко Роси кој за првпат освои Златен лав со „Светиот ГРА“.

Два македонски филма ќе имаат светска премиера на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал. „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ќе ја отвори селекцијата „Хоризонти“, а документарниот филм „Силјан“ на Тамара Котевска е се прикаже вон конкуренција во програмата за документарци.

Меѓу останатите филмови што премиерно ќе бидат прикажани во Венеција се „Машината за кршење“ на Сафди, „Бугонија“, најновата соработка помеѓу Јоргос Лантимос и Ема Стоун, и психолошката драма на Лука Гвадањино „По ловот“, кој ќе игра вон кокуренција. Барбера истакна дека Гвадањино и студиото Амазн/МГМ избрале филмот да биде вон конкуренција и гордо истакна дека „По ловот“ ќе го означи првиот пат за Џулија Робертс на црвениот тепих во Венеција. „Ќе ја пречекаме со големо задоволство“, рече тој.

Меѓу извонредните наслови надвор од конкуренцијата новите филмови на Џулијан Шнабел, Гас Ван Сант, документарците на Софија Копола, Вернер Херцог и на Лукреција Мартел.

„Грација“ на Паоло Сорентино, љубовна приказна во која тој повторно се спојува со актерот од „Големата убавина“ Тони Сервиљо, ќе го отвори Фестивалот на 27 август. Двократниот оскаровец Александeр Пејн ќе претседава со жирито за Златен лав во главната селекција. Со жирито во селекцијата Хоризонти ќе претседава француската режисерка и сценаристка Жулија Дукурно, која во 2021 освои Златна палма во Кан со „Титан“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов пожар во Кочани: Изгоре семејна куќа

Следно

Како ќе изгледаат 5-те синдикални кошнички?

Latest from Blog

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот
Go toTop