Земјотрес во Тајван со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала

April 3, 2024
1 min read

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, а според засега достапните информации четири лица загинаа, а десетици се повредени. Бројот на жртви се очекува да се зголеми, наведуваат локални медиуми, посочувајќи дека станува збор за најсилниот земјотрес во последните 25 години во оваа земја.

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот, посочувајќи дека најмалку 26 згради се урнале ли оштетиле.

Локалните медиуми јавуваат дека во зградите има заглавени луѓе, а според последните информации на тајванската противпожарна служба загинале четири лица, а околу 60 се повредени.
 
Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а тој се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег. Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, со најмалку 25 досега, според жителите. Повеќе од 87.000 домаќинства останаа без струја, а запрени се и брзите железнички возови.
 
Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укина предупредувањето за плимниот бран.

Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоките места. Земјотресот е почувствувани во Шангај, Кина.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(Видео) Разорен земјотрес го погоди Тајван – има загинати и голем број повредени

Следно

Се појави снимка од грабежот во Црниче, го влечеа сефот и покрај вклучениот аларм

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop