Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја потресе турската област Кајсери

1 min read

КАЈСЕРИ (АА) – Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди подрачјето на Инџесу во турската област Кајсери, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).

Во соопштението објавено на интернет-страницата на АФАД се вели дека земјотресот се случил во 14:47 часот по локално време.

Се додава дека земјотресот со јачина од 4,7 степени се случил на длабочина од 12,8 километри.

Според соопштеното, земјотресот бил почувствуван и во околните подрачја, а бројни граѓани по земјотресот излегле на улица поради паника.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ќе се вештачи изгореното „ауди“ со кое избегаа убијците од скопската чаршија

Следно

Силни повторливи земјотреси со над 5,5 степени ги потресоа Филипини

Latest from Blog