Здравствените работници денеска на протест – бараат потпишување на анексот за покачување на платите

1 min read

Тајмингот на почетокот на протестот – 5 минути до 12 часот, како што велат од Синдикатот на здравствените работници, е симбол оти и по целиот труд и аргументиран пристап до Министерството за здравство, сè уште не е потпишан анексот на колективниот договор со кој платите ќе се усогласат со минималецот

Со протест кој симболично ќе започне во „5 минути до 12 часот“ пред Министерството за здравство, здравствените работници, како што најавија, денеска ќе го изразат своето незадоволство од сè уште непотпишаниот анекс на колективниот договор кој предвидува покачување на нивните плати согласно растот на минималецот.

Протестот го организира Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

„Часот во кој се организира протестот претставува симболика на тоа дека по целиот наш труд и аргументиран пристап кон Министерството за здравство како социјален партнер во изминатите шест месеци, веќе е време да се реализира самото потпишување на анексот за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност“,

се вели во објавата од ССМ во која се најавува протестот на здравствените работници.

Синдикатот на здравствените работници условно го најави денешниот протест уште во понеделникот, кога соопшти дека доколку колективниот договор не биде потпишан до среда (29 март), здравствените работници ќе го изразат својот револт на протест в четврток.

Во врска со најавениот протест, претставници на Синдикатот испратиле и официјален допис до Министерството за здравство во кој, меѓу другото, појасниле дека протестот е условен од потпишувањето на анексот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

УНИВЕРЗИТЕТИТЕ „КОДАРТС“ И „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ НАГРАДЕНИ СО МЕНАДА ОД 12. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Следно

Туркије: При превртување на автобус во Ерзинџан загинаа две, а повредени се 21 лице

Latest from Blog