Заврши административниот процес за присоединување на Боров Дол кон Бучим

December 9, 2025
1 min read

Радовиш, 9 декември 2025 – Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект.

Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост.

Присоединувањето претставува стратешки чекор што овозможува поефикасно планирање и управување со ресурсите, унапредени процеси и појасна корпоративна структура, подобрена усогласеност со меѓународните стандарди и ESG принципите, зголемена транспарентност и стабилност во работењето, како и следење на единствена долгорочна визија за развој на целиот комплекс.

Од компанијата нагласуваат дека присоединувањето не подразбира никаква промена во управувачката структура. Исто така, условите на воспоставените партнерства, договорните односи и обрвски со добавувачи, институции и другизаинтересирани страни, остануваат непроменети.

Во изминатите денови беше спроведена стандарднатаадминистративна постапка за техничкиот пренос на ситевработени во рамките на единственото правно лице. Од Бучимистакнуваат дека преносот беше изведен континуирано, без каквибило промени во работните места, правата или обврските навработените. Статусот и сите бенефиции на вработените останаанепроменети. Техничкиот пренос не влијаеше врз работнитепроцеси ниту врз редовното извршување на обврските.

Присоединувањето на Боров Дол кон Бучим ни овозможува да работиме како единствен систем, во рамки на нашата Групација, со зајакнати операции и повисок степен на координација. Ова претставува значаен чекор кон модернизација, континуирано подобрување и понатамошно унапредување на одржливото рударство во регионот,“ изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим.

Со новата интегрирана структура, рудникот Бучим продолжува да гради стабилна, модерна и конкурентна компанија, подготвена за долгорочни предизвици и инвестициски планови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Милијардер ги предизвика рамноземјашите: Докажете, еве ви три милијарди долари

Следно

Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 160

Latest from Blog

ВИДЕО: Милијардер ги предизвика рамноземјашите: Докажете, еве ви три милијарди долари

Милијардерот и извршен директор на компанијата „Columbia Sportswear“ штотуку им даде можност која никогаш во животот не се добива, на сите што веруваат дека Земјата е рамна. Тим Бојл (76) најави нов

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Посочи дека исплатата на надоместокот

Кочоска: Новиот буџет е основа за посилен раст и поголема доверба во институциите

Расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година денеска започна во Собранието, при што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека документот претставува „јасна економска порака за стабилност, доверба и развој“. Таа истакна
Go toTop