ЗАСТРАШУВАЧКА АНИМАЦИЈА: Како земјотресот во Турција ја потресе цела Европа (ВИДЕО)

1 min read

Данскиот геолошки институт денеска соопшти дека земјотресите регистрирани денеска во Турција се почувствувани се до Гренланд.

Имено потресот со јачина од 7.8 степени по рихтеровата скала кој ја погоди јужна Турција се почувствувал во многу други земји во регионот вклучувајќи ги и Сирија каде во двете земји досега загинале на 1.000 луѓе.

Инаку сеизмологот Стивен Хикс смета дека потресот кој се случил утрово може да биде насилен во историјата на оваа земја.

На видеото се гледа како се шири сеизмолошкиот бран по катастрофалниот потрес, а него го забележале сеизмолозите низ Европа.

Потресот се почувствувал и во Либан и Израел. Епицентарот бил на 23 километри источно од Нурдаги во труската провинција Газиантеп на длабочина од 24,1 километар.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(ВИДЕО) Нов силен земјотрес ја погоди Турција, бројот на загинатите се зголемува

Следно

Пендаровски: Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот

Latest from Blog