Започна реконструкција на уште еден спортски терен во Аеродром

1 min read

Во населбата Аеродром во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ активно се реализира уште еден проект кој значи инвестиција во спортската инфраструктура, како еден од најважните фактори за правилен раст и развој на најмладите. 

Инвестиција во овој спортски терен опфаќа поставување нова тартан подлога, нова безбедна ограда, нови голови и кошеви за фудбал и кошарка, како и уредување на околниот простор.

-Станува збор за еден од низата проекти за оваа намена кои ќе се реализираат оваа пролет. Наскоро почнува изведбата на нови спортски игралишта – во основното училиште „Љубен Лапе“ и мултифункционален спортски комплекс во Лисиче, информираат од општина Аеродром.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Протекоа тајни воени планови на САД за Украина, Пентагон истражува

Следно

Шведската полиција поднесе жалба на судската одлука со која се дозволуваaт протести со палење на Куранот

Latest from Blog