За платите на функционерите треба решение со фер вреднување на работата на секого, смета Ковачевски

October 19, 2023
1 min read

реклама


Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со платите на функционерите, повтори дека „треба да се дојде до решение кое ќе направи фер вреднување на работата на секого“.

Кога ќе биде подготвено решението за платите од страна на Работната група, тогаш, рече, ќе може да се разговара за конкретно решение кое ќе треба да биде прифатено од пратениците и сите други избрани и именувани функционери.

реклама

Ковачевски не верува, како што напомена, во луѓе што работат без плата.

-Ви кажав дека има Работна група што работи и треба да ги има сите аспекти на располагање, бидејќи тука се работи за два закона по кои се регулираат платите на функционерите. Едниот е Законот за именувани и избрани функционери со кој се регулираат платите на претседателот на државата, претседателот на Собранието, на членовите на Владата, на сите градоначалници, на сите судии, обвинители,…, а другиот е Законот за пратеници во кој се регулирани платите на пратениците. Прво, треба да се дојде до решение кое ќе направи фер вреднување на работата на секого. Тоа е едната опција, а другата опција е да се оди во сосема спротивен правец и да се прави популистичко решение од какви што две популистички решенија двете паднаа на Уставен суд. Едното беше кога беа замрзнати платите на функционерите и кога секретарка во АЕК имаше поголема плата од пример министер за финансии или од претседател на држава или од претседател на Влада. Другото решение беше кога се отиде исто така во уште една крајност, а тоа е кога се кажа функционерите ќе земаат минимална плата, а Уставниот суд исто така го поништи, бидејќи во државата постои систем на плати што не може да биде дерогиран. Гледам различни изјави, видов и министерот Османи што кажа и јас се согласувам со министерот Османи, бидејќи луѓето работат за плата. Има некои што кажуваат дека би работеле без плата, јас во човек што работи без плата не верувам. Имам 25-годишно работно искуство и не верувам во луѓе што се подготвени да работат без плата, истакна Ковачевски.

реклама

Министерот Бектеши, пак, на прашањето дали се согласува да му биде намалена платата, одговори дека како член на Владата, ќе го почитува секое решение на Работната група, независно дали е за намалување или за замрзнување на платата.

-Секако дека платата е значителна за секој што работи, било да е во јавниот или приватниот сектор. За моите лични приходи тие се во анкетниот лист и веќе се објавени и сите ги знаат. Дали е важно или колку е важно да биде висината тоа секој одлучува посебно. Јас транспарентно сум го објавил мојот анкетен лист. Ако Работната група одлучи некакво решение во делот на намалување или замрзнување, од моја страна ќе биде целосно поддржана како член на Владата, нагласи Бектеши.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Руската Дума повика на преземање мерки за да се запре крвопролевањето во Појасот Газа

Следно

Објавена книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop