Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја

November 14, 2025
1 min read

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа оцени дека односите меѓу Србија и Франција се посилни од кога било во историјата и дека е убеден дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива, беше објавено на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ, во изјава за српски медиуми кои ја следеа неговата посета на Париз изјави дека имал тричасовен разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и дека е задоволен од средбата на која разговарале за „сите стратешки прашања“ што се очекуваат во наредниот период.

„Разговаравме за европскиот пат на Србија, дека можеме многу да направиме во следната година и тоа зависи од нас, но верувам дека расположението во Европската унија ќе биде такво што Србија ќе може да го постигне тој напредок“, рече Вучиќ.

Тој рече дека разговарале за сите билатерални прашања, заеднички инвестиции, инвестиции во Србија, соработка во областа на вештачката интелигенција.

Вучиќ додаде дека Србија купува суперкомпјутер од Французите, кој ќе биде многу вреден и единствен од таков вид во Југоисточна Европа.

На 15 декември, Србија ќе го потпише конечниот комерцијален договор за изградба на првата метро линија со француската компанија Алстом, рече Вучиќ.

„За две и пол години ќе ја имаме првата метро линија…Белград конечно ќе добие метро“, рече тој.

Тие разговараа и за воено-техничката соработка, можноста за монтирање хеликоптери Ербас во Србија.

Тој рече дека разговарале и за геополитичката ситуација и дека го информирал Макрон за моменталната состојба во врска со НИС и изјавил дека српската делегација денеска ќе има средби со Американците.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Црвениот картон на Кристијано Роналдо е најлошо сценарио за Португалија

Следно

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ влезе во елитното семејство Label France Education

Latest from Blog

Фото: Убава и во седмата деценија од животот. Елизабет Харли повторно во бикини

 Летото можеби помина според календарот, но сигурно е дека атрактивната британска актерка и модел Елизабет Харли тешко се збогува со топлите сончеви денови, а уште помалку со бикините што обожава да ги

Вучиќ по средбата со Макрон: Односите меѓу Србија и Франција се ПОСИЛНИ ДЕНЕС ОД КОГА БИЛО ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа оцени дека односите меѓу Србија и Франција се посилни од кога било во историјата и дека е убеден дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се

Уште две лица починаа од пожарот во Домот за стари лица во Тузла, бројот на жртви се зголеми на 15

Во изминатите 24 часа во УКЦ Тузла починале уште двајца пациенти кои ги задобиле повредите во пожарот во Домот за пензионери во Тузла. Како што изјави Ерсија Ашчериќ Мујединовиќ, портпаролка на УКЦ
Go toTop