Вработен во фирма на Илон Маск работел 36 часа без сон: „Да го жртвуваш здравјето и разумот за фирма која би ве заменила истиот ден, не е успех“

December 9, 2025
1 min read

Вработен во компанијата „xAI“ која ја води Илон Маск, работел 36 часа без сон, а неговите соработници тоа јавно го славеле како успех вреден за гордеење.

Објавата на социјалната мрежа „X“ ја споделил самиот вработен, наведувајќи дека канцеларијата ја напуштил целосно исцрпен, но „благодарен што е дел од тимот“.

Во истата објава навел дека во текот на работата бил „мртов уморен“, но и „полн со енергија“ со честитки по повод Денот на благодарноста. Неговите колеги од фирмата реагирале на пораката со поддршка, а еден од нив дури порачал дека „балансот меѓу работата и животот е одличен“.

Илон Маск се вклучил со кратка реакција во вид на емотикон, со што дополнително го зголемил впечатокот дека ваквиот екстремен работен ритам во компанијата не само што се толерира туку и се поддржува.

Екстремна работа како корпоративен модел

Маск низ годините е познат по заговарање на работната култура во која работата има апсолутен приоритет. Во текот на произведувањето на модел „Tesla Model 3“ тој спиел во фабриката, додека на вработените во поранешен „Твитер“ отворено им ја наметнал обврската на т.н. „хардкор режим“ на работа од 60 часа неделно со јасна порака дека оние кои не го прифаќаат тоа можат веднаш да си одат.

Истовремено Маск јавно предупредува на падот на наталитетот и повеќе пати истакнал дека луѓето „премалку раѓаат“, наведувајќи го сопствениот пример што има дури 14 деца. Токму со ваков модел на работа, бројните експерти ја гледаат и причината на истиот тој проблем затоа што преоптоварувањето со работа директно влијае на здравјето, стабилноста и личниот живот.

Самиот вработен од „xAI“ дополнително објавил дека со години работи екстремно долго и дека благодарение на тоа успеал да се извлече од речиси бездомна ситуација во 2020 година и да дојде до позиција во технолошката компанија.

Цената на успехот и границата на издржливост

Без оглед на обидите ваквиот пример да се претстави како инспиративен, бројни експерти предупредуваат дека работата без сон и екстремната исцрпеност носат сериозни здравствени ризици, од срцеви проблеми до трајно нарушување на психичката состојба.

Повеќе истражувања покажале и дека прекумерната работа долгорочно не ја зголемува продуктивноста туку ја намалува.

Пораката на еден корисник којшто реагирал под објавата можеби најдобро го отсликува проблемот: „Да го жртвуваш здравјето и разумот за фирма која би ве заменила истиот тој ден, не е никаков успех“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државната безбедност како прв стожер на „Македонија 2030“ со четири приоритети

Следно

Трамп рече дека ќе воведе дополнителни царини од пет проценти за Мексико поради спорот за водата

Latest from Blog

Барселона зимава ќе се ослободи од двајца фудбалери од првиот тим

ФОТО:FC Barselona/FB Раководството на Барселона сериозно се подготвува за зимскиот преоден рок. Клубот најверојатно ќе дозволи еден или двајца играчи од првиот тим да си заминат уште сега. Се очекува голманот Марк-Андре

Трамп рече дека ќе воведе дополнителни царини од пет проценти за Мексико поради спорот за водата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе дополнителни тарифи од 5 проценти за Мексико доколку земјата веднаш не обезбеди дополнителна вода за американските земјоделци. Трамп го обвини Мексико

Државната безбедност како прв стожер на „Македонија 2030“ со четири приоритети

ВМРО-ДПМНЕ на последниот партиски конгрес усвои нов стратешки документ под наслов „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, кој, според партијата, претставува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана држава. Документот, како што

Како да се ослободите од гребаниците на чевлите?

Познавањето на материјалот од кој се изработени вашите обувки може да го продолжи нивниот век на траење. Гребаниците на обувките се речиси неизбежни ако секојдневно ги носите. Се појавуваат при удар, при

Аријана Гранде реагира на номинацијата за Златен глобус: Малку сум изненадена

Популарната 32-годишна актерка и пејачка беше номинирана минатата година за првиот дел од филмот, а сега и за продолжението во 2025 година. Изненадена и длабоко почестена Во интервју за „The Hollywood Reporter“,
Go toTop