Во завршна фаза е асфалтирањето улица ,,Козјак”

1 min read

Градежните активности на улицата ,,Козјак” опфаќаат асфалтирање, како и партерно уредување на просторот околу неа, информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Откако во изминатиот период со павер елементи беа поплочени пешачките патеки во првиот блок, од денеска се работи на коловозот на улицата кој добива нов асфалт. По завршувањето со асфалтирањето, ќе продолжи поплочувањето на патеките во вториот блок.

-Жителите од овој дел на градот кои со право велеа дека биле заборавени од сите во минатото, активно со свои идеи, учествуваат во креирањето на новиот лик на овој дел од Кисела Вода, кажа градоначалникот на општина Кисела Вода.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

ЕУ го потврди состанокот со Курти и Вучиќ во вторник во Брисел

Следно

ЕУ го потврди состанокот на Вучиќ и Курти на 2 мај во Брисел

Latest from Blog