Во Европа во моментов постојат 41 спор, Македонија имаше долгогодишен со Грција

October 31, 2024
1 min read

Во Европа има 41 граничен спор и тие се разликуваат по сериозноста на конфликтите зад нив, а можат да се поделат на оние со низок, среден и висок интензитет.

Еден од поблагите е оној меѓу Франција и Италија за тоа кој е сопственик на Мон Блан, највисокиот европски врв . Имаше договор од пред 160 години кој го делеше врвот на половина, но Франција едноставно го избегна и тврди дека целиот врв е нивен.

Германија, која имаше многу гранични спорови низ историјата, денес може да се пофали дека има само два спорови со многу низок интензитет: со Холандија на устието на реката Емс, и со Австрија и Швајцарија на Боденското езеро.

Од споровите со низок интензитет, тука е спорот меѓу Украина и Романија за островот К.

Велика Британија , Ирска , Исланд и Данска се заинтересирани за островот, поточно за карпата Рокол во Северното Море , бидејќи карпата е блиску до нивните ексклузивни економски зони, па ако Рокол е нивна, таа зона исто така се шири во сите правци и овозможува експлоатација на риби но и потенцијална нафта и гас во морето.

На Балканот, Хрватска има најголем број на спорови. Со Црна Гора за Превлача, потоа со БИХ за „Пељешкиот мост“. Има спор и со Србија за границата на Дунав. Реката со тек на времето го промени својот тек, и сега има спор.

На Балканот долго тема беше и Македонија, и спорот со Грција околу името. Затоа Македонија го смени името во Северна Македонија, и тргна нејзиниот евроатлантски пат, но не и членството во ЕУ. Сега спорот со Бугарија е причината за прекин на евроинтеграциите.

На Балканот исто актуелен е спорот меѓу Косово и Србија, кој тешко дека ќе се реши. Исто така и спорот меѓу Турција и Грција за територијалните води на Егејското море. Грција го има речиси целото Егејско море за себе, а Турција нема пристап до меѓународните води на морето.

Проблеми имаше и Молдавија со провинците Придњестровје, која е територија на Молдавија под постојана окупација на Русија.

Нешто слично се случи и во Грузија, која по одвојувањето од Советскиот Сојуз имаше бунтови во две провинции – Абхазија и Јужна Осетија. Во Абхазија избувна брутална војна, загинаа 30.000 луѓе, а Грузијците беа етнички исчистени од таа провинција.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го „бомбардираа“ Мицкоски со прашања поврзани за успесите на Владата

Следно

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните, туку дели проекти и во Штип и во Тетово, претходните знаеја само евро во џеб

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop