Во 2002 г. биле „натпопишани“ 38 илјади лица, открива директорот на Државниот завод за статистика

1 min read

Говорејќи за Општина Гостивар, која споредбено со пописот од 2002 година има пад на населението за околу 23 отсто во последниот попис, Симовски рече дека претпоставува оти таа разлика не е толку голема поради масовно иселување, туку е резултат на „натпопишано население“ во 2002 година

Според пописот во 2002 година во Македонија имало 2 022 547 жители, а 38 000 се 1,9 отсто од тој број

Мониторингот на Европската Унија за пописот во 2002 година, а потоа и постпописното истражување на Државниот завод за статистика, констатирале околу 38 илјади лица како „натпопишани“ односно лица што не требало да бидат опфатени со пописот.

Ова во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма го обелодени првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, прашан на што се должи значителниот пад на бројот на население во Гостивар, Струга и Кичево, ако се споредат податоците од пописот во 2002 година, со податоците од попишаното население во 2021 година.

Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика

Ваквото „натпопишано население“, рече Симовски, најверојатно го имало на повеќе места, меѓутоа најмногу во овие три општини – Гостивар, Кичево и Струга.

Говорејќи за Општина Гостивар, која споредбено со пописот од 2002 година има пад на населението за околу 23 отсто при последниот попис, Симовски рече дека претпоставува оти таа разлика не е толку голема поради масовно иселување, туку е резултат на феноменот на натпопишано население во пописот од 2002 година.

„Претпоставувам дека таа разлика не е толку голема заради масовно иселување од овие три општини бидејќи не гледам некоја голема разлика од иселувањето, на пример, од тетовскиот регион отколку во гостиварскиот. Интензивно се иселуваат од секаде и тоа не е спорно, ама дека имаме двојна разлика, тоа не можеме да очекуваме, туку тоа е резултат на ова натпопишување во 2002 година“,

вели Симовски.

Според пописот во 2002 година во Македонија имало 2 022 547 жители, а 38 000 се 1,9 отсто од тој број.

Пописот на населението од 2021 година, споредбено со оној во 2002 година, покажа дека за помалку од 20 години населението во земјава се намалило за околу 10 проценти.

Во една од топ десетте општини со најголем пад на бројот на жители е Гостивар. Според пописот од 2021 година, од оваа општина за две децении се иселиле 21 272 граѓани, доколку за споредба се земе бројот на население кое е попишано во 2002 година.

Етничката група која бележи најголемо намалување во Гостивар се Албанците. Во 2002 година биле попишани 54 038 граѓани од оваа етничка заедница, а според пописот од 2021 година се попишани 33 076, или речиси 40 отсто помалку.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Шоле: Постои голема разлика меѓу Република Српска и идната Заедница на српски општини

Следно

САД ќе и испратат на Украина нов пакет воена помош, тој не вклучува тенкови „Абрамс“

Latest from Blog